Еден екран на кој се гледа што работи бизнисот.

Промет, заработка, барања и од каде дошле, на едно место и со обичен јазик. Панелот се прави за вашиот бизнис, па ги покажува вашите бројки, а не просек од нешто што не ве засега.

За кого е

Панел не е за секоја страница.

Има смисла ако

  • Барањата или нарачките веќе доаѓаат, а вие не знаете кој канал ги носи.
  • Бројките ги собирате рачно, по табели и пораки, еднаш месечно.
  • Одлуката за вложување ја носите по чувство, зашто податокот не е на едно место.

Нема смисла ако

  • Страницата е штотуку пуштена и нема доволно посета за да се види нешто. Прво содржина, панел подоцна.
  • Ви треба сметководство или фактури. Панелот покажува што се случува, не води деловни книги.
  • Никој во фирмата нема да го отвора. Екран што никој не го гледа не менува ниту една одлука.

Проблем

Три работи што не се гледаат без панел.

  • Не знаете од каде е барањето

    Некој се јавил, но не се знае дали дошол од Google, од Instagram или преку препорака. Без тоа не се знае каде да се вложува следниот месец.

  • Бројките живеат на пет места

    Нешто во поштата, нешто во пораки, нешто во табела. Собирањето трае еден час и се прави ретко, па проблемот се забележува доцна.

  • GA4 покажува сè освен одговорот

    Десет извештаи, а ниту еден не кажува колку барања дошле и колку вредат. Сопственикот отвора еднаш, не се снаоѓа, и повеќе не отвора.

Основа

Ова го има секој панел.

Без разлика колку е прилагоден, овие четири работи ги има во секој. Сè друго се додава според вашиот бизнис.

  • Промет

    Колку нарачки или барања дошле, по ден и по месец, со споредба со претходниот период. Без тоа ниту еден друг број нема контекст.

  • Заработка

    Колку од тоа е навистина наплатено. Бројот на посети без овој број е суета, а не податок врз основа на кој се одлучува.

  • Кликови и однесување

    Што навистина се клика на страниците: кое копче, кој производ, каде се откажува. Ова е делот што кажува што да се поправи.

  • Извори

    Од каде дошол посетителот и која страница го претворила во барање. Ова е одговорот на прашањето каде да се вложува следниот месец.

Варијанти

Шест вида панели.

Најчесто се комбинираат два или три, ретко сите шест одеднаш. Овој список постои за да се знае за што зборуваме во разговорот.

  • Аналитика

    Посети, извори, однесување на страниците и конверзии. Замена за GA4 за некој што и онака никогаш не го отворил.

  • Барања и клиенти

    Секое барање со својот извор и статус. Кој се јавил, кој чека понуда, кој се откажал и зошто.

  • Содржина

    Менување текст, слики и страници без мене. За страница што навистина се менува, а не за онаа што стои иста една година.

  • Нарачки и резервации

    Преглед на нарачки или термини, статуси и известувања. Најчестата причина поради која панелот воопшто се бара.

  • Портал за клиенти

    Вашиот клиент се најавува и го гледа своето: документи, состојба на работата или историја на нарачки. Одзема дел од телефонските повици.

  • Оперативен преглед

    Екран за дневната работа: што е денес на ред, што доцни, кој на што работи. Ова е најблиску до тоа панелот да замени табела.

Наместо GA4

Зошто сопствена аналитика, а не Google.

Не е работата во тоа што GA4 е лоша алатка. Работата е во тоа што е направена за аналитичар што ја отвора секој ден, а не за сопственик со десет минути месечно.

  • Еден екран, не десет

    Прашањето е секогаш исто: колку барања дошле, од каде и колку вредат. Панелот одговара веднаш, без правење извештај.

  • Без лента за колачиња

    Сопственото мерење на основниот промет не бара согласност, па нема лента што покрива половина екран и брка дел од посетителите пред да прочитаат нешто.

  • Податоците остануваат ваши

    Бројките стојат во вашата база, не кај трето лице. Тоа е правно поедноставно и практично: податокот не се губи кога некој ќе ги смени условите за користење.

Искрено до крај: сè што оди подалеку од основното броење, односно следење на поединечен посетител низ време и рекламни пиксели, се вклучува дури кога посетителот ќе се согласи. Панелот затоа е точен во тоа што го брои, но не тврди дека гледа секого.

Како се гради

Нема готова платформа, и тоа е намерно.

Не продавам сметка на туѓ систем. Секој панел се прави за тој бизнис, по истиот пристап што веќе сум го користел, па добивате екран што зборува на вашиот јазик.

  1. 01

    Се прави според вашиот бизнис

    Истите четири работи се во основата на секој панел, но што се следи покрај нив зависи од тоа со што се занимавате. Занаетчија и трговија не ги гледаат истите бројки, па нема смисла ни ист екран.

  2. 02

    Цената го следи обемот

    Панел што покажува промет, заработка и извори е една работа. Панел што води нарачки и има портал за клиенти е друга. Затоа постојат две нивоа, а во нив распон.

  3. 03

    Не е првиот што го правам

    Секој систем што сум го градел има свој панел и се користи во работата. Не можам да ги покажам, зашто панелот по природа прикажува промет и заработка, а тоа се деловни податоци на моите клиенти, не моја референца.

Демо панел со вистински функции, на измислени податоци, доаѓа во Demo Lab. Дотогаш, на разговорот ве водам низ панел во живо и покажувам конкретно што се гледа.

Како оди

Четири чекори до првиот екран.

Панелот не се прави по список функции туку по прашањата на кои треба да одговори. Затоа првиот чекор не е развој туку разговор за одлуките што ги носите.

  1. 01Кои одлуки ги носите

    Прашувам кои одлуки ги носите секој месец и кој податок ви недостига за нив. Од тоа излегува списокот екрани, не обратно.

    Од васПоловина час разговор и искрен одговор како сега ги следите бројките.

  2. 02Мерење на страницата

    Поставувам мерење на страницата: формулари, копчиња, извори. Овој чекор мора да дојде пред панелот, зашто панелот прикажува тоа што е измерено.

    Од васПристап до страницата, ако не сум ја правел јас.

  3. 03Панел и податоци

    Го правам панелот и го пуштам да собира податоци. Првиот месец е и проверка дека бројките одговараат на стварноста, а не само дека се прикажуваат.

    Од васПотврда дека бројките се совпаѓаат со тоа што го гледате во работата.

  4. 04Предавање и обука

    Ги предавам пристапите и поминуваме низ панелот заедно. Целта е потоа да не морате да ме барате за да го видите својот број.

    Од васКој во фирмата ќе го гледа панелот и колку често.

Две нивоа

Изработка и месечно, обете се кажуваат однапред.

Панелот има два износа и обата стојат тука. Еднократниот е изработка, месечниот е работа: сервер, безбедносни копии, следење дека мерењето не паднало и ситни измени.

  • Analytics Lite

    Изработкапо барање

    плус

    Месечнопо барањенајмалку шест месеци

    За когоСопственик што сака да знае од каде му доаѓаат барањата и колку ги има.

    • Промет, заработка и извори
    • Кликови и однесување на страниците
    • Барања со својот извор
    • Една сметка за пристап
  • Admin Pro

    Изработкапо барање

    плус

    Месечнопо барањенајмалку шест месеци

    За когоФирма кај која панелот влегува во дневната работа, не само во месечниот преглед.

    • Сè од нивото Lite
    • Нарачки, резервации или содржина
    • Повеќе сметки со различни права
    • Прилагодени екрани според вашиот бизнис

Месечниот износ не е претплата за пристап до вашите податоци. Ако прекинете, податоците остануваат ваши и се извезуваат; завршува работата на панелот, не сопственоста над бројките.

Цените не го вклучуваат ДДВ

Не е вклучено

Што панелот не прави.

Ова го пишувам однапред, зашто панелот често се замислува како систем што ја води целата фирма.

  • Сметководство, фактури и фискални сметки
  • Внес на податоци наместо вас и одржување на содржината
  • Поврзување со систем што нема начин за врска со надворешна програма
  • Одговарање на барањата што пристигнуваат преку него

Прашања

Што најчесто ме прашуваат.

Дали панелот го заменува Google Analytics?
За повеќето сопственици да, зашто одговара на прашањата поради кои GA4 воопшто се отворал. Ако имате агенција што води реклами и бара GA4, обата можат да работат паралелно.
Може ли да добијам панел без нова страница?
Може, ако на постоечката страница може да се постави мерење. Тоа го проверувам пред да дадам цена, зашто на некои затворени платформи не е можно.
Што се плаќа месечно?
Сервер, безбедносни копии, следење дека мерењето не паднало и ситни измени. Ако мерењето прекине а никој не гледа, панелот со месеци покажува нула и тоа се забележува предоцна.
Кој ги гледа моите бројки?
Вие и луѓето на кои вие ќе им дадете пристап. Јас имам пристап додека работам на панелот и тоа завршува кога ќе кажете. Вашите бројки не ги користам како референца пред никого.
Што ако ја прекинам соработката?
Податоците се извезуваат и остануваат ваши, како и сè друго што сум работел. Завршува работата на панелот, не вашата сопственост над него.
Може ли панелот да прави нешто што не е на списокот?
Најчесто може, и тоа е поентата на тоа што се гради по проект. Секоја таква ставка се кажува и наплаќа однапред, а не се открива на крајот.

Следен чекор

Прво да видам што се мери сега.

Испратете ја адресата на страницата. Проверувам што на неа моментално се мери, а што се губи, и кажувам дали воопшто ви треба панел пред тоа да се поправи.