Страницата да работи, и некој да одговори кога не работи.

Хостинг, безбедност, копии и интервенции, на една сметка и со познат рок. Тука пишува и што одржувањето НЕ Е, зашто најголемиот дел разочарување се раѓа токму таму.

За кого е

Одржувањето не е задолжително, но отсуството има цена.

Има смисла ако

  • Страницата носи барања или нарачки, па секој час недостапност нешто чини.
  • Немате никого што би знаел што да прави кога ќе се појави грешка или ќе истече сертификат.
  • Последниот пат кога баравте ситна измена, чекавте една недела и не знаевте кого да јавите.

Нема смисла ако

  • Страницата е визит картичка што не се менува и не носи барања. Таму е доволен обичен хостинг.
  • Веќе имате некој што го прави тоа. Двајца изведувачи на иста страница прават повеќе штета отколку корист.
  • Очекувате месечниот износ да донесе и раст на позициите. Тоа е друга услуга и подолу пишува зошто.

Проблем

Три начини на кои страницата тивко пропаѓа.

  • Паѓа, а никој не знае

    Страницата не работи од петок попладне, а вие дознавате во понеделник од муштерија. За тоа време секое барање што требало да пристигне отишло кај конкурентот.

  • Нема копија кога треба

    Некој ја изменил погрешната страница или ажурирањето паднало. Без копија се враќа рачно, ако воопшто може, и тоа е најскапиот ден во годината.

  • Ситна измена трае недела

    Треба да се смени телефонски број или цена. Нема кого да јавите, па стои погрешен податок и телефонот ѕвони поради тоа.

Управуван хостинг

Осум работи за еден годишен износ.

Ова не е само простор на сервер. Просторот чини малку, а сè друго е причината поради која страницата работи и следната година.

Годишно3.000 до 12.600 ден.

  • Поставување

    Сервер подесен за таа страница, а не празен пакет во кој нешто се препишува.

  • Домен и DNS

    Доменот води каде што треба, а записите се држат уредно, па преселбата еден ден не е драма.

  • SSL сертификат

    Катанецот во прелистувачот, со автоматско обновување. Истечен сертификат плаши посетител повеќе од која било грешка.

  • Деловна е-пошта

    Адреса на вашиот домен, не бесплатна со туѓо име. Поставување и помош кога ќе се додаде нов вработен.

  • Дневна копија

    се прави секој ден и се чува последните 30 дена. Враќањето на кој било од тие денови е прашање на минути, не на денови.

  • Надзор

    Проверка дека страницата работи, без чекање некој да забележи дека не работи. Ако падне, јас дознавам прв.

  • Интервенции

    Кога нешто ќе се расипе, се поправа. Ова е делот поради кој и постои, а не цената на просторот.

  • Обновување

    Доменот и се обновуваат навреме. Домен што ќе истече преку викенд знае да се изгуби засекогаш.

Износот зависи од тоа колку е голема страницата и колку промет има. За обична деловна страница е долната граница, за продавница со каталог горната.

Цените не го вклучуваат ДДВ

Пакети Care

Кога треба и рака, не само сервер.

Care е време, не простор. Се плаќа тоа што има кој да одговори и да ја направи измената, со познат рок и без преговарање секој пат.

плусСо годишниот хостинг, по избор

  • Care Basic

    Месечно3.000 до 4.000 ден.најмалку шест месеци

    За когоСтраница што стои стабилно и бара ситна измена одвреме навреме.

    • Ажурирања и безбедносни закрпи
    • Проверка на копиите и надзорот
    • Една помала измена месечно
    • Одговор во договорениот рок
  • Care Pro

    Месечно6.000 до 7.500 ден.најмалку шест месеци

    За когоСтраница што навистина се менува и кај која недостапноста чини пари.

    • Сè од пакетот Basic
    • До три помали измени месечно
    • Предност во редот на барања
    • Преглед на брзината на секои три месеци

Нема неограничени измени и тоа е намерно. Неограничено во пракса значи дека некој друг чека додека се работи вашето барање, или дека измената се одолговлекува. Порадо кажувам колку влегуваат и се држам до тоа, а поголема работа се договара и наплаќа посебно.

Важно

Одржувањето не е SEO.

Ова е најчестиот недоразбир во целата понуда и причината поради која оваа страница постои. И двете се плаќаат месечно, но прават две сосема различни работи.

Care го држи постоечкото

  • Страницата работи, безбедна е и има копија
  • Ажурирања и ситни измени на постоечкото
  • Некој одговара кога нешто ќе се расипе
  • Позициите остануваат приближно каде што се

Growth додава ново

  • Нови страници и содржина што носи посети
  • Технички SEO и работа на позициите
  • Мерење на барањата и месечен извештај
  • Целта е повеќе барања отколку минатиот месец

Ако плаќате само Care и очекувате раст, по една година со право ќе бидете разочарани. Затоа тоа пишува тука, а не со ситни букви во договор.

Погледнете што прави Growth

Кога ќе затреба

Познат рок, не ветување.

Рокот почнува кога барањето ќе пристигне, во работни денови. Ако нешто е паднато, не се чека ред туку се работи веднаш.

Одговор1 работен ден

Решение3 работни дена

  • Паднатата страница оди прва

    Страница што не се вчитува не е барање во ред туку прекин. Таму не се чека рок, туку се работи штом дознаам, а најчесто дознавам пред вас.

  • Барањата одат по ред

    Сè друго влегува во редот по редоследот на пристигнување. Care Pro има предност во тој ред, и тоа е една од работите што се купуваат со пакетот.

  • Кажувам ако не стигнувам

    Ако нешто трае подолго од рокот, ќе го слушнете тоа од мене пред да истече, со причина и нов рок. Молкот е полош од доцнењето.

Сопственост

Сè е ваше, и кога ќе заминете.

Ова е делот што ретко кој го пишува на страница, а најмногу кажува како се работи. Ниту еден дел од вашата работа не смее да зависи од тоа дали ние двајца ќе се сложиме.

  1. 01

    Доменот е на ваше име

    Се регистрира на вас, не на мене. Јас имам пристап да го одржувам, но сопственик сте вие и тоа се гледа во јавниот запис на доменот.

  2. 02

    Содржината и податоците се ваши

    Текстот, сликите, барањата и бројките ви припаѓаат. Не ги држам како залог и не ги користам како референца без ваша согласност.

  3. 03

    Заминувањето трае еден ден

    Ако земете друг изведувач, добивате копија од страницата, базата и пристапите. Без одолговлекување, без надомест за излез и без прашување зошто.

  4. 04

    Без заклучување

    Страницата не стои на нешто што само јас можам да го одржувам. Следниот изведувач ја презема без да мора сè да прави одново.

Не е вклучено

Што се наплаќа посебно.

Ова го пишувам однапред, зашто одржувањето често се сфаќа како претплата на сè што ќе се појави.

  • Нови страници, нови функции и редизајн
  • Пишување содржина и фотографирање
  • SEO работа на позициите и месечен извештај
  • Поправка на штета настаната од измена што ја направил некој трет

Прашања

Што најчесто ме прашуваат.

Морам ли да хостирам кај вас?
Не морате. Ако вашиот хостинг веќе некаде стои и работи, можам да работам само Care. Управуван хостинг нудам зашто тогаш одговарам за целиот синџир, а не само за својот дел.
Што ако страницата не сум ја работел кај вас?
Преземам и туѓи страници, но прво гледам во каква состојба се. За затечен код не давам фиксна цена пред да видам што е внатре.
Колку се чуваат копиите?
Копијата се прави секој ден и се чува последните 30 дена. Тоа значи дека страницата може да се врати на кој било ден во тој месец, а не само на последната состојба.
Што е помала измена?
Промена на текст, цена, слика, работно време или додавање ставка во постоечки список. Нова страница или нова функција не е измена туку работа, и така се и пресметува.
Дали Care ги подобрува позициите на Google?
Не. Care ја држи страницата жива и безбедна. Позициите се Growth, посебна услуга со посебна цена. Ова е единственото нешто околу кое не правам компромис во описот.
Што ако прекинам?
Добивате копија од страницата, базата и сите пристапи, и тоа без надомест за излез. Доменот и онака е на ваше име, па нема што да пренесувате од мене.

Следен чекор

Прво да видам во каква состојба е.

Испратете ја адресата на страницата. Проверувам како стои со брзината, безбедноста и копиите, и кажувам што од тоа воопшто би допрел.