Цената зависи од обемот на работа, не од бројот страници.

Тука стојат пакетите и што вклучува секој. Цената за вашата работа ја добивате во понуда по разговорот, без обврска. Се пресметува според обемот на работа, не според тоа како изгледа вашата фирма.

Рамка

Пет нивоа, за да знаеме за што зборуваме.

Пред пакетите, една поделба што ја користам во секој разговор. Таа објаснува зошто две страници со ист број подстраници не чинат исто.

  1. 01

    Ниво 1, присуство

    Едностранична или мала информативна страница, основен контакт и SEO основа.

  2. 02

    Ниво 2, извор на барања

    Повеќе страници за услуги, јасен пат до барање, формулари и мерење од каде доаѓаат барањата.

  3. 03

    Ниво 3, авторитет

    Пошироката структура на услуги и производи, содржински блокови, локални страници, галерија и понапредни интеракции.

  4. 04

    Ниво 4, продажба и работа

    Продавница, резервации, конфигуратор, кориснички или админ панел, автоматизации и поврзувања.

  5. 05

    Ниво 5, платформа

    Систем со повеќе клиенти и улоги, претплати, сопствени текови на работа и поврзувања преку API.

Нивото не е оценка за квалитет туку обем и деловна функција. На помала фирма Ниво 2 почесто ѝ е подобар избор од непотребно скапо Ниво 5, и тоа ќе го кажам и кога Ниво 5 е поголема работа за мене.

Изработка на страница

Четири пакета, се бираат според работата.

Цената на секој пакет ја добивате во понуда, според вашата работа. Што ја крева и што ја спушта пишува подолу на страницата.

  • Economy

    Цена по барање

    За когоКому му треба една страница што работи и не планира повеќе од тоа.

    ОбемЕдна целна страница на WordPress. Хостингот и домената остануваат кај вас и не се вклучени во цената.

    Времетраењепомалку од 7 дена

  • Launch

    Цена по барање

    За когоФирма на која ѝ треба уредно присуство и еден јасен контакт.

    ОбемЕдностранична или до три едноставни страници, основно мерење и SEO основа.

    Времетраење1 до 2 недели

  • Најчест избор

    Growth Website

    Цена по барање

    За когоФирма на која страницата треба да ѝ носи барања, а не само да постои.

    ОбемПет до осум страници, структура на услуги, локално SEO и следење на конверзии.

    Времетраење2 до 3 недели

  • Authority Website

    Цена по барање

    За когоФирма со повеќе услуги или производи и сериозна конкуренција.

    ОбемОсум до петнаесет страници, прв содржински блок, калкулатор или друга сопствена интеракција.

    Времетраење4 до 5 недели

Economy е влезна понуда и намерно е најмала: една страница, без систем околу неа. Ако сајтот треба да носи прашања, почнете од Launch. Economy решава присуство, не раст.

Рокот тече од моментот кога ќе пристигнат материјалите, не од потписот. Тоа е единствениот дел од рокот што не зависи од мене, па и единствената причина рокот да се помести.

Партнерство

Иста страница, помал влезен трошок.

За оние на кои аванс за целата изработка не им одговара. Не е поевтина верзија на работата туку друг начин на плаќање на истата работа.

Поставкапо барање

плус

Месечнопо барањенајмалку 12 месеци

  • Growth Website, изработен по истиот опис како погоре
  • Управуван хостинг и техничко одржување
  • До две помали измени месечно
  • Една нова оптимизирана страница или текст месечно
  • Следење на барањата и краток месечен извештај

Прекин пред истекот на рокот

  • Во првите шест месеци

    разликата до полната цена

    Страницата е веќе изработена и предадена, па се доплаќа разликата до полната цена на изработката на пакетот Growth Website, намалена за поставката што сте ја платиле на почетокот.

  • Од седмиот до дванаесеттиот месец

    сè помалку, до нула

    Се доплаќа само оној дел од разликата што сè уште не е отплатен преку ратите. Секоја уплата го намалува, а по дванаесеттата е нула.

Ова е единствената доплата при прекин. Преостанатите рати не се наплаќаат. Сè што е дотогаш платено и направено останува ваше, а домената и онака е на ваше име.

По 12 уплати страницата е целосно ваша, па избирате Care или продолжувате со Growth.

Постоечка страница

Кога не се почнува од почеток.

Шест начини на работа врз страница што веќе постои, од најмалиот кон најголемиот.

  • Ревизија и план на дејства

    Преглед на употребливост, SEO, брзина и технички проблеми, со список приоритети.

  • Нова страница

    Структура, дизајн, развој, формулар и SEO на самата страница.

  • Поголема измена

    Нов дел, формулар, калкулатор, филтер или поврзување, и збир поврзани измени.

  • Делумен редизајн

    Насловен екран, навигација и клучните страници, без целосна преработка.

  • Целосна преработка

    Нова архитектура, дизајн и код, со пренос на содржината што носи вредност.

  • Миграција или спасување

    Селење, поправка на брзина или безбедносна интервенција, зависно од затекнатата состојба.

За нејасен или наследен код фиксна цена се дава дури по ревизијата. Од цената на ревизијата се одбива дел, а колкав зависи од обемот работа што од неа ќе произлезе.

Онлајн продавница

Три нивоа, според тоа што продавницата навистина прави.

Бројот производи е најмалиот дел од приказната. Цената ја движат варијантите, наплатата и врските со тоа што веќе го користите.

  • Shop Starter

    До дваесетина производи, достава, плаќање при прием и уплатница, основно SEO за продавница.

  • Shop Growth

    Поголем каталог, варијанти, картично плаќање и мерење на продажбата.

  • Shop Custom

    Сопствена логика, цени за фирми, врска со магацин или деловна програма.

Се наплатува посебно

  • Надоместоци на картичниот провајдер, кои одат меѓу вас и него
  • Лиценци за теми, додатоци и надворешни сервиси
  • Внес на каталогот и пишување описи на производи
  • Фотографирање на производите
  • Превод на каталогот на друг јазик

Месечно, SEO

Месечната цена се брани со список работа.

Затоа до секое ниво стои што конкретно се работи, а не ветување за позиција.

  • Growth SEO

    Месечнонајмалку шест месеци

    Еден град и вообичаена конкуренција.

    • Технички преглед и поправки
    • Еден нов оптимизиран текст или страница месечно
    • Внатрешно поврзување и преглед на Search Console
    • Месечен извештај со барања, не само со позиции
  • Growth Plus

    Месечнонајмалку шест месеци

    Повеќе градови или силна конкуренција.

    • Сè од Growth, во поголем обем
    • До четири текста месечно
    • Локални страници по град
    • Следење на конкуренцијата и план на содржина однапред

Под шест месеци SEO е трошок без резултат, па повеќе сакам да не го земам отколку подоцна да ви објаснувам зошто нема поместување.

Хостинг и Care

Страницата да работи, и некој да одговори.

Хостингот е годишен трошок, Care е месечен и не е задолжителен со него.

Управуван хостинг, домен и SSLГодишно

плусСо хостингот, по избор

  • Care Basic

    Месечнонајмалку шест месеци

    Ажурирања, копии, надзор и една помала измена месечно.

  • Care Pro

    Месечнонајмалку шест месеци

    Сè од Basic, до три измени, предност во редот и преглед на брзината на секои три месеци.

Care ја држи страницата жива и безбедна, Growth ја турка напред. Тоа се две услуги и две сметки, и ниту една не ја заменува другата.

Панели

Кога сакате да ги видите бројките, а не да ги претпоставувате.

Панелот се плаќа посебно, зашто е посебна работа. Не е бесплатен додаток на страницата.

  • Analytics Lite

    Изработкапо барање

    плус

    Месечнопо барањенајмалку шест месеци

    Промет, заработка, кликови и извори на посети на еден екран.

  • Admin Pro

    Изработкапо барање

    плус

    Месечнопо барањенајмалку шест месеци

    Сè од Lite, плус барања, нарачки или содржина, според тоа како работи фирмата.

Панелот се гради по проект, нема готова платформа. Бројките во панелите на постоечките клиенти се нивни деловни податоци и не излегуваат јавно.

Апликации

Без пакети, само фази.

Апликација не се продава од ценовник. Тука стојат фазите и обемите, за да се знае по кој ред оди и за што се зборува пред понудата.

  • Discovery, обем и технички план
  • Кликлив прототип
  • MVP, според обемот подолу
  • Итерации по објавата
  • Едноставна апликација
  • Micro SaaS
  • Деловен систем

MVP и итерациите немаат цена пред discovery, и тоа не е избегнување одговор туку единствената чесна понуда: разликата меѓу најмалата и најголемата верзија на ист опис знае да биде четирикратна.

Како оди работата по фази

Што влијае

Што ја движи цената, во двете насоки.

Ова е делот поради кој пакетите имаат смисла. На повеќето од овие ставки можете да влијаете уште пред да испратите барање.

Ја спушта цената

  • Средени материјали, текст и слики на време
  • Едно лице што одлучува и одговара
  • Помал обем во првата фаза, па доградба подоцна
  • Спремност да се тргне од проверен образец наместо од нула

Ја крева цената

  • Повеќе услуги, од кои секоја бара своја страница
  • Текст што го пишувам јас наместо вие да го доставите
  • Врски со програми што веќе ги користите
  • Онлајн продажба, варијанти на производи и картично плаќање
  • Втор јазик и втор пазар
  • Краток рок што ги поместува другите работи

Никогаш не е вклучено

Што секогаш се плаќа посебно.

Важи за секој пакет и секое ниво, па стои на едно место наместо шест пати со ситни букви.

  • Фотографирање и купување фотографии
  • Внес на голем каталог производи
  • Преводи и лектура
  • Лиценци за теми, додатоци и надворешни сервиси
  • Буџет за реклами
  • Содржина што нема да ја доставите, ако не е договорено јас да ја пишувам

Плаќање

Три рати, без изненадување на крајот.

Ист распоред за секој пакет за изработка. Партнерството оди месечно, како што е опишано погоре.

  1. 50 %аванс
  2. 30 %по одобрувањето на структурата
  3. 20 %пред објавата

Во цената се две рунди ревизии. Тоа се помали измени на готова страница: текст, слики, растојанија, ситни поправки.

Поголемите измени и сè по тие две рунди се договараат и наплатуваат посебно. Промена на обемот среде работа не е ревизија туку нова работа, и така и се пресметува.

Прашања

Што најчесто ме прашуваат за цената.

Зошто цената не стои на страницата?
Затоа што истиот пакет значи различна работа за различна фирма: друг број услуги, друг текст, други градови. На барање одговарам во рок од еден работен ден, а цената ја давам кога знам што работите и што ви треба, во писмена понуда и без обврска. Дури таа цена е фиксна и точна.
Зошто некој нуди страница за многу помалку?
Затоа што тоа најчесто е шаблон со сменет текст и слики. Тоа е легитимен производ и за некои фирми е доволен. Она што не го добивате е структура според вашите услуги, текст пишуван за вашите купувачи, мерење од каде доаѓаат барањата и некој што одговара кога ќе затреба.
Што ако ми треба само мала измена?
Тогаш не ви треба пакет. Малите измени влегуваат во Care, а поголемите одат како развоен спринт. Нема да ви продадам редизајн заради еден формулар.
Може ли да плаќам на рати?
Изработката оди во три рати, како што пишува погоре. Ако ни тој аванс не одговара, тука е партнерството: помала поставка и месечен износ, со сопственост по 12 уплати.
Што ако ја прекинам соработката?
Добивате сè што е дотогаш платено и направено: страницата, содржината, базата и пристапите. Домената е и онака на ваше име. За партнерството пред истекот на 12 месеци се доплаќа оној дел од изработката што ратите сè уште не го покриле, според правилото што пишува покрај самата понуда за партнерство.
Морам ли хостингот да го земам кај вас?
Не морате. Ако страницата веќе некаде стои и работи, можам да работам само Care. Управуван хостинг нудам зашто тогаш одговарам за целиот синџир, а не само за мојот дел.

Следен чекор

Одговорот стига во рок од еден работен ден.

Испратете ја адресата на страницата или опис на работата. Ќе кажам кој пакет ви одговара и што би направил прво, а цената ја добивате во понуда, и тоа пред некој нешто да плати.