Demo Lab
Видете го системот пред да го нарачате.
Наместо опис, работен приказ. Изберете дејност најблиска до вашата, па погледнете го и јавниот дел што го гледа вашиот купувач и админ делот што го гледате вие.
Сите прикази се концепти што ги направив за да покажам како работи системот. Не се резултати од вистински клиенти и податоците во нив се измислени. Вистинските проекти се на страницата со проекти, и таму пишува чии се.
Дејности
Почнете од тоа што го работите.
Истиот систем изгледа поинаку во работилница и во ресторан, бидејќи се разликува тоа поради што ве бараат луѓето. Три дејности имаат демо, останатите доаѓаат по редот по кој се бараат.

Демо подготвено
Занаети, градежништво и домашни услуги

Демо подготвено
Ресторани, хотели и туризам

Демо подготвено
Трговија и онлајн продажба
Во подготовка
Здравство, стоматологија и клиники
Во подготовка
Убавина, велнес и фитнес
Во подготовка
Адвокати, сметководители и консултанти
Во подготовка
Автомобили, сервиси и транспорт
Во подготовка
Недвижности, архитектура и ентериер
Во подготовка
Големопродажба, производство и B2B
Во подготовка
Софтвер, стартапи и SaaS
Во подготовка
Образование, курсеви и здруженија
Дејноста што ја барате не е на списокот или е во подготовка? Јавете се и кажете со што се занимавате. Демото се прави по редослед на побарувачка, а вашето прашање и онака се решава со разговор, не со демо.
Модули
Четири работи што најчесто се бараат.
Секое секторско демо се состои од овие делови, во комбинација што ѝ треба на таа дејност. Не ви требаат сите четири, и тоа е првото што го расчистуваме.
Страница што носи прашања
Страница по услуга наместо една страница за сè, со јасен пат до повик или формулар. Ова е основата и најчесто е доволна сама.
- Страница по услуга и по локација, пишувана за тоа што луѓето навистина го чукаат
- Формулар и повик на секое место каде посетителот одлучува да се јави
- Мерење од каде дошло прашањето, без Google Analytics
Ниво на проектот: Ниво 2, извор на барањаПродавница
Каталог, кошничка и наплата. Има смисла кога продавате производ што може да се испрати, а не кога секоја работа се договара на лице место.
- Каталог со филтри и страница на производ
- Кошничка, достава и наплата, со избор на начин на плаќање
- Нарачки, купувачи и продажна аналитика во панелот
Ниво на проектот: Ниво 4, продажба и работаРезервации
Термин, маса или смена, со потврда и потсетник. Го решава телефонот што ѕвони во најлош момент и термините запишани на хартија.
- Календар со достапност по лице, простор или смена
- Потврда и потсетник, за да се намалат недоаѓањата
- Откажувања и измени без повик
Ниво на проектот: Ниво 4, продажба и работаАдмин панел
Тоа што вие го гледате зад страницата: прашања, извори, нарачки и бројки на едно место, на јазикот на вашата работа а не на алатката.
- Прашања со статус и извор, наместо пребарување по сандачето
- Промет, заработка и кликови во истиот преглед
- Улоги, па секој гледа само тоа што му треба
Ниво на проектот: Ниво 4, продажба и работа
Траењето стои со пакетот а не со модулот, бидејќи истиот модул трае различно зависно од тоа колку страници и поврзувања носи. Роковите по пакет се на страницата со пакети.
Две страни
Јавниот дел и админ делот не се иста работа.
Мнозинството луѓе никогаш не виделе што се случува зад страницата, па и не знаат што да бараат. Затоа секое демо ги има двете страни, на еден клик.
Јавен дел
Тоа што го гледа вашиот купувач: услуги, цени, галерија, формулар и повик. Тука се одлучува дали ќе се јави.
Админ дел
Тоа што го гледате вие: кој се јавил, од каде дошол, што е нарачано и што од тоа е наплатено. Тука се гледа дали страницата ја работи својата работа.
Админ приказот работи на измислени податоци и само за читање. Ниедно демо не ги допира податоците на вистински клиенти.
Докаде оди демото
Што покажува демото, а што додава проектот.
Демото го покажува механизмот. Проектот е истиот механизам со вашата содржина, вашите податоци и мерење што се поставува за вас.
Демото покажува
- Како изгледа патот од пребарување до прашање
- Што се гледа во панелот и по кој ред
- Како јавниот и админ делот се држат заедно
Проектот додава
- Вашиот текст и вашите фотографии, пишувани и бирани за вашата дејност
- Вашите податоци и преносот од постојна страница ако ја има
- Поврзување со алатките што веќе ги користите, кога е можно
- Поставено мерење и преглед на бројките што ги читате вие, не јас
Што е вклучено во кој пакет и што се плаќа посебно стои на страницата со пакети.
Сакате ваков систем?
Сакате ваков систем?
Испратете ја адресата на постојната страница или кажете дека ја нема. Враќам снимен преглед и список што вам навистина би ви требало, без обврска.