Редизајн што не го брише тоа што веќе работи.

Страница веќе имате. Прашањето не е дали ви треба нова, туку што од постојното останува, што се поправа и што се фрла. На тоа одговара прегледот, не понудата.

За кого е

Подобро да го знаете тоа веднаш.

Ова е за вас ако

  • Страницата ви работи со години и нешто носи, но не знаете точно што и се плашите да не го расипете.
  • Страницата ја правел некој пред вас и никој не знае што има внатре ниту кој ги има пристапите.
  • Подготвени сте да платите преглед пред да платите изработка, за да не купувате на слепо.

Ова не е за вас ако

  • Немате страница. Тогаш ви треба изработка, а не редизајн, и тоа е поевтиниот пат.
  • Сакате само нова боја и нов фонт, без ниту една измена во структурата и текстот.
  • Очекувате гаранција дека позициите по преселбата нема ниту еден ден да трепнат.

Проблем

Страницата работи, а сите се плашат да ја допрат.

  • Бавна е и тоа се чувствува

    На телефон страницата се вчитува толку долго што посетителот се откажува пред да види било што. Google го мери тоа и го зема предвид.

  • Никој не знае што има внатре

    Страницата ја правел некој пред вас, додатоци има десетина, а никој не знае кој за што служи ниту што смее да се исклучи.

  • Страв од преселба

    Знаете дека треба да се пресели или преправи, но сте слушнале приказни за фирми што по редизајн исчезнале од Google.

Што се чува

Тоа што веќе носи работа останува.

Редизајн во кој се губат позиции не е редизајн туку дефект. Ова се четири работи што се пренесуваат, и тоа е дел од работата, не дополнителна услуга.

  1. 01

    Адресите на страниците

    Старата адреса на секоја страница останува иста каде што е можно. Адреса што мора да се смени добива пренасочување, па стариот линк и понатаму води некаде.

  2. 02

    Позициите на Google

    Пред почетокот запишувам на што се појавува страницата. По преселбата истото се мери повторно, па се гледа што паднало и зошто.

  3. 03

    Содржината што работи

    Текстовите и страниците што веќе носат посети не се пишуваат одново по навика. Се менува тоа што не работи, останатото се пренесува.

  4. 04

    Мапа на пренасочувања

    Список стара адреса наспроти нова, во една датотека што останува кај вас. Без неа никој подоцна не може да провери што каде отишло.

Пад на посетеноста во првите недели по преселбата е нормален и очекуван. Тоа што не е нормално е да не се знае зошто се случил.

Шест начини

Не мора веднаш сè од почеток.

Работата на постојна страница оди во шест обеми. Најголем дел од работите се сместуваат во првите три, а целосната преработка е последна опција, не прва.

  1. 01

    Преглед

    Преглед на страницата со список што да се поправи и по кој редослед. Влезна точка за сè останато.

    Кога има смислаНе знаете од каде да почнете, или споредувате понуди без да знаете што барате.

    Приближно4.000 до 9.000 ден.

  2. 02

    Нова landing страница

    Една нова страница на постојниот сајт, за една услуга или една кампања.

    Кога има смислаСајтот е во ред, но за една конкретна работа нема каде да ги пратите луѓето.

    Приближно4.000 до 11.000 ден.

  3. 03

    Развоен спринт

    Неколку дена насочена работа на списокот поправки од прегледот.

    Кога има смислаНаодите се јасни и мали, но никој нема време да ги средува.

    Приближно6.000 до 18.000 ден.

  4. 04

    Делумен редизајн

    Нов изглед и нова структура на дел од сајтот, со задржана основа.

    Кога има смислаОсновата е здрава, но првите три страници по важност веќе не ја вршат работата.

    Приближно18.000 до 42.000 ден.

  5. 05

    Целосна преработка

    Страницата одново, со пренос на адреси, содржина и позиции.

    Кога има смислаЗатекнатиот код е толку заплеткан што поправката е поскапа од нова изработка.

    Приближноод 27.000 ден.

  6. 06

    Миграција и спасување

    Преселба на друг хостинг или платформа, или враќање на страница што паднала.

    Кога има смислаСе селите, го изгубивте пристапот, или страницата престанала да работи.

    Приближно6.000 до 23.000 ден.

За затекнат или нејасен код фиксна цена се дава дури по прегледот. Пред тоа секој број би бил погодување, а погодената цена секогаш некому му се наплатува.

Цените не го вклучуваат ДДВ

Преглед

Прво преглед, па понуда.

Прегледот е посебна услуга и не ве обврзува на ништо. Ако по него отидете кај некој друг, наодите ги носите со себе.

Рок на испорака5 работни дена

  • Снимка од екран

    Поминувам низ вашата страница на глас и покажувам што гледам, наместо да ви пратам список што сами треба да го протолкувате.

  • Краток документ

    Наодите подредени по важност, на една до две страници. Тоа е делот што можете да го пратите понатаму или да го покажете на друг изведувач.

  • Редослед на поправките

    Што прво, што може да чека и што не треба да се допира. Кај секоја ставка пишува зошто е таму, а не само дека е лошо.

Ако по прегледот работиме редизајн или миграција, дел од цената на прегледот се одбива од цената на таа работа. Колку, зависи од обемот на работата што ќе произлезе од прегледот.

Во пракса

Три системи што работат секој ден.

Не се демо страници. Сите три фирми ги користат во работата, и на сите три се менувало и доградувало по лансирањето.

  • mglass-design.comM Glass Design, mglass-design.com

    M Glass Design

    LED огледала по мерка. Каталог на опции и објаснувачки страници за стакло, светло и монтажа.

  • tus-art.comTuš Art, tus-art.com

    Tuš Art

    Туш кабини по мерка. Пат од типот кабина до испратени мерки и проценка.

  • staklodom.comStakloDom, staklodom.com

    StakloDom

    Стаклорезачки работи. Поширок каталог услуги, галерија реализации и страници по градови.

Погледнете ги проектите

Процес

Пет чекори, и ниту еден преку ноќ.

Кај секој чекор пишува и што треба од вас, бидејќи тоа е прашањето што најретко се поставува на глас.

  1. 01Преглед и наоди

    Поминувам низ страницата, мерам брзина, гледам што е во индексот и на што се појавувате. Од тоа излегуваат списокот и редоследот.

    Од васАдресата на страницата и пристапите ако ги имате. Ако ги немате, и тоа е наод.

  2. 02Одлука за обемот

    Предлагам кој од шесте начини има смисла и зошто. Дури тука се дава фиксна цена.

    Од васОдлука до каде се оди сега, а што останува за подоцна.

  3. 03Подготовка на преносот

    Го снимам сегашното состојба: адреси, позиции, содржина. Мапата на пренасочувања настанува пред да допрам било што.

    Од васПотврда кои страници смеат да исчезнат, а кои мора да се зачуваат по секоја цена.

  4. 04Работа и две рунди ревизии

    Го работам договорениот обем, па две рунди помали измени на готовото, пред да оди во живо.

    Од васЗабелешки собрани на едно место, наместо во десет пораки низ неделата.

  5. 05Префрлање и проверка

    Пуштам во живо, промените ги пријавувам на Google и ги следам индексирањето и позициите првите недели.

    Од васПристап до домената, или договор преселбата да ја направам во ваше име.

Колку чини

Прегледот има цена, останатото произлегува од него.

Подолу пишува што ја крева и што ја спушта цената на самиот редизајн. За прегледот цената е фиксна и позната однапред.

Ја спушта цената

  • Постојни пристапи и податоци за хостингот, на едно место и точни.
  • Содржина што останува каква што е, па не се пишува одново.
  • Работа на делови, каде прво се прави тоа што најмногу боли.

Ја крева цената

  • Затекнат код што никој не го познава, па прво мора да се разбере што прави.
  • Голем број постојни страници што сите мора да добијат пренасочување.
  • Премин на друга платформа, бидејќи содржината не се пренесува сама.
  • Страница што веќе паднала или е заразена, па прво мора да се исчисти.

Целосен ценовник

Не е вклучено

Ова се плаќа посебно.

Пишува тука за да не се појави првпат на сметката. Сето подолу можам да го организирам, но не е во цената на редизајнот.

  • Хостинг и домена, и кај стариот и кај новиот давател.
  • Лиценци за теми, додатоци и фотографии што страницата веќе ги користи.
  • Пишување содржина одново, кога постојниот текст не се задржува.
  • Враќање податоци за кои не постои ниту една резервна копија.

Прашања

Тоа што се прашува пред да се јават.

Дали ќе ги изгубам позициите на Google?
Краткотраен пад во првите недели е нормален додека Google повторно ја обиколи страницата. Траен губиток доаѓа од изгубени адреси без пренасочување, и токму затоа мапата на пренасочувања е дел од работата, не додаток.
Колку трае прегледот и што добивам?
Пет работни дена. Добивате снимка од екран на која поминувам низ страницата и краток документ со наодите подредени по важност.
Морам ли веднаш да го правам целиот редизајн?
Не. Прегледот е посебна услуга и најголем дел од работите по него се сместуваат во спринт или делумен редизајн. Целосна преработка предлагам само кога поправката е поскапа од нова изработка.
Работите ли на страници што не сте ги правеле вие?
Работам, на оваа страница тоа е всушност најчестиот случај. Затоа и постои прегледот: без него цената би ја погодувал.
Што ако немам пристапи до старата страница?
Се случува почесто отколку што мислите. Прво бараме кој ги има, а ако не се најдат, постои пат и без нив, само е подолг и тоа се гледа во цената.

Следен чекор

Прво да видам што имате.

Испратете ја адресата на постојната страница. Ќе ви кажам што би гледал во прегледот и дали во вашиот случај воопшто ви треба редизајн.