Веб систем за трговија и онлајн продажба.
Продажбата преку пораки работи додека нарачките се малку. Кога ќе ги има повеќе, се губи прегледот што е платено, што испратено и што воопшто има на залиха.
Сите прикази се концепти што ги направив за да покажам како работи системот. Не се резултати од вистински клиенти и податоците во нив се измислени. Вистинските проекти се на страницата со проекти, и таму пишува чии се.

Што запнува
Три работи што тука најчесто се повторуваат.
Нарачките живеат во пораки
Instagram, Viber и телефон, а залихата во глава. Нарачка што среде смена ќе дојде по трет канал нема каде да се запише, па се наоѓа дури кога купувачот ќе праша каде е.
Купувачот не може сам да го заврши купувањето
Секое прашање за големина, достава или цена бара одговор во живо, па се продава само додека некој е покрај телефонот. Каталог со цена и достава продава и ноќе.
Не се гледа што навистина се продава
Се знае колку вкупно влегло, но не и кој артикл носи заработка а кој само зафаќа место. Без тоа се набавува по чувство.
Што влегува во системот
Деловите што оваа дејност навистина ги користи.
Не е секој модул за секого. Тука се оние што во оваа дејност се исплатат, и тоа што прави секој од нив.
Приказот е подготвен
Страница што носи прашања
Страница по услуга наместо една страница за сè, со јасен пат до повик или формулар. Ова е основата и најчесто е доволна сама.
- Страница по услуга и по локација, пишувана за тоа што луѓето навистина го чукаат
- Формулар и повик на секое место каде посетителот одлучува да се јави
- Мерење од каде дошло прашањето, без Google Analytics
Приказот е подготвен
Продавница
Каталог, кошничка и наплата. Има смисла кога продавате производ што може да се испрати, а не кога секоја работа се договара на лице место.
- Каталог со филтри и страница на производ
- Кошничка, достава и наплата, со избор на начин на плаќање
- Нарачки, купувачи и продажна аналитика во панелот
Приказот е подготвен
Админ панел
Тоа што вие го гледате зад страницата: прашања, извори, нарачки и бројки на едно место, на јазикот на вашата работа а не на алатката.
- Прашања со статус и извор, наместо пребарување по сандачето
- Промет, заработка и кликови во истиот преглед
- Улоги, па секој гледа само тоа што му треба
Најчести прашања
Што најчесто се бара во оваа дејност.
- Колку чини доставата и колку трае
- Може ли да се плати при испорака
- Има ли артиклот на залиха и во која големина
- Како се враќа или менува
- Има ли попуст на поголема количина
Сакате ваков систем?
Сакате ваков систем?
Испратете ја адресата на постојната страница или кажете дека ја нема. Враќам снимен преглед и список што вам навистина би ви требало, без обврска.