Сите дејности

Веб систем за ресторани, хотели и туризам.

Гостинот прво го гледа менито и слободниот термин, па дури потоа се јавува. Ако тоа не го најде веднаш, го отвора следниот резултат.

Сите прикази се концепти што ги направив за да покажам како работи системот. Не се резултати од вистински клиенти и податоците во нив се измислени. Вистинските проекти се на страницата со проекти, и таму пишува чии се.

Внатрешност на ресторан со поставени маси за вечер

Што запнува

Три работи што тука најчесто се повторуваат.

  • Менито е слика што не може да се прочита

    Фотографија од менито на телефон се зумира и врти, цените не се гледаат, а измената бара нова снимка. Мени што е текст се чита, се пребарува и се менува за минута.

  • Резервациите одат преку телефон во најлошо време

    Повик среде смена, запишување на хартија и двојна маса во осум. Резервација што гостинот сам ја прави се запишува веднаш и ја гледа целата смена.

  • Гостинот не знае што го чека

    Работно време, паркинг, детско столче, тераса и дали се прима картичка. Тоа се прашања што секоја вечер се повторуваат по телефон, а можат да стојат напишани еднаш.

Што влегува во системот

Деловите што оваа дејност навистина ги користи.

Не е секој модул за секого. Тука се оние што во оваа дејност се исплатат, и тоа што прави секој од нив.

  • Приказот е подготвен

    Страница што носи прашања

    Страница по услуга наместо една страница за сè, со јасен пат до повик или формулар. Ова е основата и најчесто е доволна сама.

    • Страница по услуга и по локација, пишувана за тоа што луѓето навистина го чукаат
    • Формулар и повик на секое место каде посетителот одлучува да се јави
    • Мерење од каде дошло прашањето, без Google Analytics
  • Приказот е подготвен

    Резервации

    Термин, маса или смена, со потврда и потсетник. Го решава телефонот што ѕвони во најлош момент и термините запишани на хартија.

    • Календар со достапност по лице, простор или смена
    • Потврда и потсетник, за да се намалат недоаѓањата
    • Откажувања и измени без повик
  • Приказот е подготвен

    Админ панел

    Тоа што вие го гледате зад страницата: прашања, извори, нарачки и бројки на едно место, на јазикот на вашата работа а не на алатката.

    • Прашања со статус и извор, наместо пребарување по сандачето
    • Промет, заработка и кликови во истиот преглед
    • Улоги, па секој гледа само тоа што му треба

Најчести прашања

Што најчесто се бара во оваа дејност.

  • Има ли слободна маса за вечерва
  • Што е на менито и колку чини
  • Се прима ли картичка
  • Има ли паркинг и тераса
  • Се работи ли во недела и на празник

Сакате ваков систем?

Сакате ваков систем?

Испратете ја адресата на постојната страница или кажете дека ја нема. Враќам снимен преглед и список што вам навистина би ви требало, без обврска.