Веб систем за занаети и градежништво.
Мајстор, стаклар, столар, изведувач на работи. Работата доаѓа преку препорака и повик, а страницата најчесто само стои. Вака изгледа кога работи.
Сите прикази се концепти што ги направив за да покажам како работи системот. Не се резултати од вистински клиенти и податоците во нив се измислени. Вистинските проекти се на страницата со проекти, и таму пишува чии се.

Што запнува
Три работи што тука најчесто се повторуваат.
Прашањето стигнува без ниту еден податок
Ѕвони телефонот среде работа и се прашува колку чини, а не се знае ни колку квадрати ни каде е објектот. Страница што однапред прашува за мерки и локација го штеди тој повик и вам и нему.
Не се знае од каде дошол клиентот
Препорака, Google или табла на градилиштето, сè изгледа исто кога ќе се јави на телефон. Без тоа не се знае каде да се вложи следниот денар, па се вложува напамет.
Работите не се гледаат
Најсилниот доказ во оваа работа е пред и потоа, а најчесто стои по телефони и групи. На страницата, со опис што е работено и колку траело, истата таа снимка продава сама.
Што влегува во системот
Деловите што оваа дејност навистина ги користи.
Не е секој модул за секого. Тука се оние што во оваа дејност се исплатат, и тоа што прави секој од нив.
Приказот е подготвен
Страница што носи прашања
Страница по услуга наместо една страница за сè, со јасен пат до повик или формулар. Ова е основата и најчесто е доволна сама.
- Страница по услуга и по локација, пишувана за тоа што луѓето навистина го чукаат
- Формулар и повик на секое место каде посетителот одлучува да се јави
- Мерење од каде дошло прашањето, без Google Analytics
Приказот е подготвен
Админ панел
Тоа што вие го гледате зад страницата: прашања, извори, нарачки и бројки на едно место, на јазикот на вашата работа а не на алатката.
- Прашања со статус и извор, наместо пребарување по сандачето
- Промет, заработка и кликови во истиот преглед
- Улоги, па секој гледа само тоа што му треба
Најчести прашања
Што најчесто се бара во оваа дејност.
- Колку чини по квадрат или по парче
- Дали се излегува на терен и до каде
- Колку се чека на термин
- Има ли гаранција и колку трае
- Може ли да се види нешто слично што е веќе работено
Сакате ваков систем?
Сакате ваков систем?
Испратете ја адресата на постојната страница или кажете дека ја нема. Враќам снимен преглед и список што вам навистина би ви требало, без обврска.