Назад на дејноста

Трговија и онлајн продажба

Продавница

Каталог, кошничка и наплата. Има смисла кога продавате производ што може да се испрати, а не кога секоја работа се договара на лице место.

Сите прикази се концепти што ги направив за да покажам како работи системот. Не се резултати од вистински клиенти и податоците во нив се измислени. Вистинските проекти се на страницата со проекти, и таму пишува чии се.

Што решава ова

Зошто постои овој дел.

Продавница што продава преку пораки работи додека сопственикот е буден и додека стигне да одговори. Секоја нарачка минува низ истите три прашања за залиха, цена и испорака, а дел од купувачите се откажуваат пред да добијат одговор. Онлајн продавницата одговара на сите три одеднаш: залихата пишува кај артиклот, цената е конечна со испораката, а нарачката пристигнува пополнета и ноќе.

Што прави

Функции на обичен јазик.

  • Каталог со филтри и страница на производ
  • Кошничка, достава и наплата, со избор на начин на плаќање
  • Нарачки, купувачи и продажна аналитика во панелот
Ниво на проектот: Ниво 4, продажба и работаПриближно од: 50.000 ден.

Траењето стои со пакетот а не со модулот, бидејќи истиот модул трае различно зависно од тоа колку страници и поврзувања носи. Што е вклучено во која цена и што се плаќа посебно стои на страницата со цени.

Сакате ваков систем?

Сакате ваков систем?

Испратете ја адресата на постојната страница или кажете дека ја нема. Враќам снимен преглед и список што вам навистина би ви требало, без обврска.